+1
Вардар ги потврди најавите на „СпортСпорт“. 25 годишниот интернационалец од Хрватска Михаел Бришки е нов играч на „црвено-црните“, тој ќе ги покрие позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивен играч.
Како што пишавме Бришки потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони, а во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска). Во редовите на Вардардоаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар. Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.