Витомир Трајковски го освои сребрениот медал на ЕП во Тбилиси

79

Картистот на Макпетрол Витомир Трајковски го освои сребрниот медал на Европското карате-првенство што се одржа во Тбилиси, Грузија.

Трајковски е единствениот член на македонската репрезентација кој успеа да се закити со медал. Тој во финалната борба по нерешен резултат 3-3 беше совладан од Ерменецот Гор Нерсисјан кој победи со прв земен поен.

Македонскиот каратист се натпреваруваше во возрасната категорија У-21 до до 84 килограми. Трајковски претходно извојува четири победи во елиминацискиот дел од првенството.

ПретходноЈелена Антиќ со Србија обезбеди пласман на Олимписките Игри
СледноПриказна за африкански херој: Му беше дијагностициран рак, помина низ хемотерапија и постигна гол за титулата!