Колку пари заработија играчите од Суперболот?

504

Играчите на Канзас Сити Чифс ја одбранија титулата шампион во НФЛ откако во Лас Вегас го совладаа Сан Франциско 49ерс со 25:22 по продолжение во Суперболот, финалето на плејофот на американската професионална лига. Шефовите на тој начин станаа првиот тим по 19 години што ја одбранил титулата. Пред нив тоа последни го направија Њу Ингланд Патриотс.

Фудбалерите на двата тима поделија вкупно 13,4 милиони долари. Секој играч од победничкиот тим има право на 164 илјади долари, додека поразените добиваат по 89 илјади долари. Тоа е зголемување од седум илјади долари по играч во однос на минатата сезона.

За плеј-офот беа поделени и парични награди, па играчите на Чифс добија вкупно 338.000 долари, а додека Сан Франциско 80.000 долари помалку.

ПретходноНе помина предлогот на гигантите: Серија А и натаму со 20 клубови!
СледноБуфон: Мојот најголем срам е што ја купив дипломата за средно!