Не е само Лапорта, Чави бесен како никогаш: Со тупаници маваше по столот (ВИДЕО)

994

Барселона одигра 3:3 на вчерашниот натпревар против Гранада, претпоследната екипа во поредокот во Ла Лига. Тренерот на каталонскиот гигант, Чави Хернандез на прес-конференцијата изјави дека неговиот тим не покажал доволно и не успеал да ја намали разликата од второпласираната Џирона. Но, не се откажува од борбата за титулата.

„Трката за титулата сега е два бода потешка, но нема да се предадеме. Бодовната негатива е голема, но не е невозможно да се надополни. Згрешивме премногу работи на овој меч“, изјави Чави.

Тој кажа многу повеќе за време на самиот натпревар. Камерите ги снимија неговите изливи на гнев, како бесно ја шутира топката, а потоа удира со тупаница по столот. На сето тоа следеа пцовки.

 

ПретходноЛапорта дивеел по дуелот со Гранада, направил хаос во Випот!
СледноБрегалница се засили со српски дефанзивец