Откако имаше одлични мечеви зад себе во кои Бојан Миовски им даде голови на Селтик, Ренџерс и го однесе својот Абердин во следната фаза во Купот на Шкотска со два постигнати голови, “бомбардерот“ од Македонија најде време за вечера со својата девојка, Сара од Штип.
Инаку таа моментално живее во Лајпциг заедно со своите родители, но и секогаш наоѓа време да биде заедно со Бојан.
Според медиумите во Шкотска, откако Бојан ја споделил оваа заедничка фотографија со својата Сара на социјалните мрежи, фановите на Абердин биле просто воодушевени и давале позитивни коментари за двајцата.
Колку за потсетување, пред два дена Нил Ворнок, новиот тренер на Абердин за Македонецот јавно кажа дека во неговата долгогодишна тренерска кариера не тренирал толку квалитетен напаѓач.