ПМФЛ: Со саботниот дуел Гостивар – Вардар стартува пролетната полусезона!

1570

По два месеци пауза, подготовки, купување и продавање играчи, претстојниот викенд стартува пролетниот дел од тековната сезона 2023/24 во ПМФЛ и тоа со мечевите од 19.коло.

Оваа полусезона ја отвораат Гостивар и Вардар, меч кој се игра в сабота (17 февруари) од 14 часот и тоа на Градскиот стадион во Гостивар.Сите останати натпревари во ова коло се играат во недела (18 февруари), исто од 14 часот.

А на тие мечеви се среќаваат Македонија ЃП – Шкендија, Силекс – Брера Струмица, Шкупи – Воска Спорт, Работнички – Струга Трим Лум кој се игра на стадионот “Борис Трајковски“ и во Штип се среќаваат големите ривали Брегалница и Тиквеш.

Во сабота се играат и сите мечеви од 16.коло и се среќаваат Охрид – Башкими, Тетекс – Победа, Беса – Осогово, Пелистер – Беласица, Арсими – Новаци, Скопје – Саса, Вардар (Н) – Детонит и Караорман – Кожув.

Сите овие мечеви започнуваат од 14 часот.

ПретходноСупер засилување: Берат Калкан за уште посилен Гостивар! (ФОТО)
СледноНе помина предлогот на гигантите: Серија А и натаму со 20 клубови!