Шкупи едноставно не знае за доста кога станува збор за нови играчи. Па така по репрезентативецот на Ф. Острови, Јоан Симумн Едмундсон, клубот од Чаир објави дека го врати Абдул Руватубјае, дефанзивец од Уганда.
Нови имиња се и интернациоалецот од Уганда, Емануел Аворно кој игра на позицијата класичен шпиц, како и Бразилецот, Виктор Дамасчено Де Оливеира кој пак е крилен напаѓач.
Нема што, Шкупи има намера и тоа како да се впушти во битката за титулата заедно со шампионот Струга ТЛ и Шкендија.