Ѓорческа и Стоилковска со напредок на ВТА листата, пад од четири места за нашите тенисери!

82

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа има скок од три места на новото рангирање на ВТА листата. Таа со 312 поени се наоѓа на 239.то место, претходната седмица беше 242.ра. Ѓорческа оваа недела ја очекува уште еден настап на ИТФ фјучрс во Анталија.

Напредок од пет места има и Магдалена Стоилковска таа со 9 поени се наоѓа на 1211.то место.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е рангирана на 373.то место што значи и една позиција подобар ранг од претходната недела.

Тројцата македонски тенисери кои имаат сингл ранг на АТП ранг-листата оваа недела бележат пад од четири позиции. Калин Ивановски е најдоброрангираниот со 145 поени, а сега се наоѓа на 345.то место. Тој има и четири поени помалку од претходната недела, но падот на Ивановски на ранг-листата е од причина што тој нема настапи оваа година поради повреда на мускул. Ивановски повторно е во тренажен процес и се очекува наскоро повторно да биде дел од турнирите.

Горазд Србљак оваа недела е рангиран на 1069.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609.то место со 2 поена.

Во конкуренција на двојки Ивановски нема промени – 679.то место со 71 поени. Берг Бугариќ  е рангиран на 1353.то место со 16 поени (пад за три места), додека Обрад Марковски е на 1864.то место со 5 поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2134.то место со три поени (пад за шест позиции).

ПретходноПриказна за африкански херој: Му беше дијагностициран рак, помина низ хемотерапија и постигна гол за титулата!
СледноЛапорта дивеел по дуелот со Гранада, направил хаос во Випот!