ЛШ: Европскиот првак носи висока предност од Копенхаген

137

Европскиот првак Манчестер Сити оствари висока победа на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Во Данска „граѓаните“ го совладаа Копенхаген со 3:1.
Поведе Сити во 10 минута преку Де Брујне на асистенција на Фоден. Данскиот првак изедначи во 34 минута преку Матсон, кој постигна гол на дебито во ЛШ и донесе делириум на славниот „Паркен“.
Сепак во финишот на првото полувреме Де Брујне впишува асистенција, а гол постигна Силва за ново водство на Сити.
Во вториот дел Сити играше подобро, а домашните пред се беа дефанзивно ориентирани. Во 63 минута Халанд по шут со глава ја погоди пречката, а во финишот на мечот за конечни 1:3 погоди Фоден.

ПретходноЛШ: Елмас на терен, Лајпциг го загуби првиот дуел со Реал Мадрид
СледноАнчелоти го коментираше поништениот гол на Лајпциг