ЛШ: Спектаклот почнува, Елмас и “биковите“ го дочекуваат Реал Мадрид, Пеп и Сити на гости кај Копенхаген! (ФОТО)

131

Спектакл кој вистинските фудбалска фанови го очекуваат со големо внимание. Имено денеска со првите мечеви од 1/8 финалето стартува елиминациската фаза во Лигата на Шампионите.

Елиф Елмас со својот Ред Бул Лајпциг вечерва од 21 часот го дочекува Реал Мадрид, најтрофејниот тим во историјата на ЛШ.

Секако дека “кралевите“ се фаворити, иако без Белингем и уште неколкумина сепак тимот на Карло Анчелоти е фаворит во овој двомеч, посебно ако се знае дека реваншот се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Очекуваме и нашиот Дијамант да добие адекватна минутажа на овој голем меч.Image

На “Паркен“ вечерва исто во 21 часот гостува Манчестер Сити. Тука се е јасно, бранителот на трофејот ако се биде како што треба тогаш уште вечерва би се пласирал во следната фаза.

Но ова е Лига на Шампионите, тука сензациите и изненадувањата не се ретки и затоа Пеп Гвардиола и неговите момци ако сакаат да дојдат до целта, а тоа е пласман во 1/4 финалето, ќе мора да го дадат од себе она најдоброто.

ВЕЧЕРВА, 21 ЧАСОТ (1/8 ФИНАЛЕ – ПРВИ МЕЧЕВИ)

ЛАЈПЦИГ – РЕАЛ МАДРИД

КОПЕНХАГЕН – МАНЧЕСТЕР СИТИ

ПретходноСинот на легендата на Реал ќе игра со Меси во Интер Мајами!
СледноНеверојатно: Суперболот во Лас Вегас бил најгледан настан на ТВ во поновата историја на САД! (ФОТО)