Фабрицио Романо, најсигурниот извор од пазарот на фудбалери и веројатно најупатениот инсајдер во светот на врвниот фудбал, коментираше на една особено интригантна тема. Што ќе биде со двете временски легенди на Реал од летото наваму. Лука Модриќ (38) и Тони Крос (34) се без договор со Реал на лето. Шпанските медиуми пишуваат дека Крос има понуда од Реал за продолжување на соработката, додека Модриќ не добил таква понуда според нив.
Романо ја коментираше ситуацијата со нив вака: „Модриќ и Крос се меѓу најдобрите фудбалери во светот и на тој начин го заслужија правото да одлучат што сакаат во однос на тоа дали ќе останат во Реал или не. Анчелоти рече дека мисли играчите треба да се пензионираат додека се уште се на врвот, но сега се зависи од Модриќ и Крос“.
Модриќ дојде во Реал од Тотенхем во 2012 година и оттогаш стана еден од најтрофејните фудбалери во историјата на најголемиот клуб. За Реал одигра 515 натпревари. Но, во последно време неговиот статус не е како што беше. Од последните пет натпревари, тој одигра само еден од почетокот. Две ги внесе како резерва, а другите двајца само ги гледаше од клупата.