Синот на тројниот освојувач на ЛШ ќе игра за Интер Мајами

556

Уште еден Аргентинец ќе му се приклучи на Интер Мајами. Фудбалерот од средниот ред, Федерико Редондо ќе стане фудбалер на клубот од Мајами, а неговиот клуб Аргентинос јуниорс ќе добие 8 милиони евра како отштета. Исто така Аргентинос ќе добие 15% од наредниот трансфер на играчот.
Инаку Федерико Редондо (21) е син на поранешниот играч на Реал Мадрид и Милан, Фернандо Редондо. Овој играч кој се пензионираше летото 2004 година три пати ја освојуваше Лигата на шампионите.

ПретходноДанец ја доби задачата да го спасува Мајнц 05
СледноНовите шампиони на Африка богато наградени, селекторот помина најдобро