Оваа недела продолжуваат мечевите во Лигата на шампионите, на дневен ред е 11. коло. Ненад Шоштариќ нема да го води Загреб, од клубот и официјално соопштија дека тој ќе се посвети на тринеделна рехабилитација во бања по упатства на лекарот.
По рехабилитацијата ќе работи во ракометниот клуб Загреб како раководител на сите категории, со посебен акцент на работата на помладите возрасни групи. Ракометарите на Загреб од клупата до крајот на тековната сезона ќе ги предводи тренерот Андрија Николиќ. Да потсетиме, Шоштариќ го презеде тимот минатиот октомври откако беше отпуштен Славко Голужа.
„Имав операција на грбот во ноември, а потоа рехабилитација во приватна болница во Загреб. На последниот преглед лекарите ми кажаа две важни работи. Прво, не ми се препорачува да не патувам, особено со авион, можни турбуленции можат да предизвикаат нови проблеми со грбот“.