Дејан Манасков: Едвај чекам да почне мечот со ПСЖ!

338

Во среда во меч од Лигата на Шампионите, Е. Пелистер го дочекува ѕвездениот тим на ПСЖ предводен од Раул Гонзалес, екс тренерот на Вардар и екс селектор на Македонија.

По победат над Вардар во дербито на Суперлигата, во таборот на Е. Пелистер атмосферата е одлична, Битола едвај чека да дојде ПСЖ а Дејан Манасков, големото засилување на шампионот едвај чека да започне натпреварот:

Мина доста време откако не сум на терените и затоа велам дека едвај чекам да започне мечот со ПСЖ. Нема сомневање дека сум мотивиран, тука нема дилеми. Чест ми е што по една година повторно ќе играм во меч од ЛШ. Мислам дека доволно сме спремни, имаме добар моментум по победата над Вардар“ посочи левото крило на битолчани.

Инаку се очекува токму на овој меч Манасков да го има своето деби во дресот на Е. Пелистер:

Според мене ПСЖ е една од петте најдобри екипи во ЛШ. Знаеме каков стил негува Раул, им ја препуштаме фаворитската улога, но скапо ќе ја продадеме својата кожа што се вели. Ќе го дадеме својот максимум пред нашата публика. Одиме без респект, зошто да не се надеваме, на теренот победува оној кој што повеќе ја посакува победата. Зошто да не се надеваме дека можеме да изненадиме“ посочи Манасков.

ПретходноМбапе сака во Реал, но трансферот го кочи неговата мајка!
СледноСинот на легендата на Реал ќе игра со Меси во Интер Мајами!