ЛШ: Елмас на терен, Лајпциг го загуби првиот дуел со Реал Мадрид

1390

Екипата на РБ Лајпциг е поразена на првиот осминафинален натпревар во рамките на Лигата на шампионите. Од Германија со триумф со 1:0 се врати Реал Мадрид, најтрофејниот европски тим.
Македонскиот интернационалец Елиф Елмас беше на клупата на Лајпциг, а влезе во игра во 75 минута на местото на Дани Олмо.
Најопасни кај домашниот тим беа Бенјамин Шешко и Чави Симонс. Шешко постигна гол во првото полувреме но беше поништен (Шешко не се најде во офсајд, но еден играч на Лајпциг му пречел на Лунин).

Во второто полувреме Лунин интервенираше при шутеви на Шешко, Симонс, Олмо и Хаидара. Но и Реал се закани за повисоко водство, пред се Винисиус кој ја погоди стативата.
А голот падна во 48 минута, а стрелаше Брахим Диаз. Со тоа Реал си направи чекор напред кон четвртфиналето затоа што на реваншот ќе игра на свој терен.

ПретходноМилан Ристовски во тим на колото во Чешка
СледноЛШ: Европскиот првак носи висока предност од Копенхаген