Челзи синоќа на гостувањето кај Кристал Палас успеа со 1:3 да слави и да освои големи три бода. Но сето падна во втор план откако заврши мечот а Енцо Фернандез, еден од најдобрите играчи на „сините“ даде таква изјава што сите му се смеат и ја прогласуваат за најсмешната изјава за 2024 година.
„Среќен сум овде. Не кријам дека следната сезона сакаме да играме во Лига на Шампионите“ посочи Аргентинецот.
Не дека Челзи според името и квалитетите на заслужува да игра во ЛШ, туку дали Енцо ја видел табелата во Премиерлигата.
А таа вели дека Челзи во моментов по 34.коло се наоѓа на 10.место со 34 бода или 13 помалку од Тотенхем кој е во зоната за пласман во елотното европско клупско натпреварување.