Потрошени милијарди евра, купени мега -ѕвезди како Меси, Мбапе, Нејмар, кои заедно играа две сезони, и пак не оди па не оди во Лигата на Шампионите.
Секако дека тука мислиме на ПСЖ. Клубот кој што важи за најбогат во свет, но осбен едно загубено финале во ЛШ никако не може да дојде до целта.
А тоа е освојувањето на „Ушлето“, пехарот во ЛШ.
Зошто е тоа така свое видување има Џиџи Буфон, голманот кој една сезона бранеше за тимот од Париз.
“Кога дојдов во ПСЖ веднаш сфатив зошто овој клуб не може да ја освои ЛШ. Премногу ѕвезди, премногу суети. Кога влегова во соблекувалната на тогаш мојот нов тим се запрепастив. Сите тие играчи да ги однесев во Торино тој тим ќе беше по ред неколку сезони шампион во Европа. Се прашував како тоа еден таков тим не може да ја освои ЛШ. Но кога имаш такви ѕвезди во составот тогаш тоа во еден момент може да биде и мана“ рече покрај другото Буфон.