Италијански фудбалер осуден на доживотен затвор поради брутално убиство

1103

Италијанскиот фудбалер Џовани Падовани е осуден на доживотен затвор откако ја претепал девојка си до смрт со чекан. Ова се случило само неколку недели откако девојката го пријавила поранешниот фудбалер за следење.
Падовани е поранешен централен бек на клубови од пониските италијански лиги. Убиството се случило во август 2022 година.
Според извештаите од полицијата фудбалерот прво почнал да ја удира девојката со тупаници и со чекан, а потоа со безбол палка во градината во близина на нејзиниот апартман во Болоња.
По прекинот на врската, Падовани прво и праќал заканувачки пораки, а поради тоа бил пријавен во полиција. Но тоа не го спречила 28-годишниот фудбалер кој, според соседите на девојката, се обидел да ги саботира кочниците на нејзиниот автомобил па дури и електрониката, се обидел и да влезе во нејзиниот апартман преку балконот.

ПретходноРомано: Анчелоти рече дека треба да се пензионира на врвот, одлуката е на Модриќ
СледноЛајпциг-Реал: Елмас и Модриќ ги нема во стартните тимови