Мбапе сака во Реал, но трансферот го кочи неговата мајка!

646

Се чини дека сагата – Мбапе во Реал ќе ја следиме уште и тоа како. Се наближува јуни, рокот кој Флорентино Перез му го даде на Килијан Мбапе да се реши одамна истече, а договор, барем официјален нема па нема.

Токму затоа Дон Флорентино Перез е нервозен.

Тој добро знае дека Килијан Мбапе сака да дојде во Реал и покрај не така големата понуда од 25 милиони евра нето по сезона, секако дека тука е големиот бонус за потпис од 120 милиони евра.

Но целиот трансфер го кочат неговите блиски од семејството, поточно неговата мајка која му е и главен менаџер.

Фејза Ламари не е задоволна од понудата на Реал, посебно ако се знае дека ПСЖ нуди трипати повеќе, па затоа не мисли дека “кралевите“ се најдобра опција за нејзиниот син.

И така сагата трае ли трае…

ПретходноЗошто ПСЖ не може да ја освои ЛШ? Буфон: Бев таму и веднаш сфатив!
СледноДејан Манасков: Едвај чекам да почне мечот со ПСЖ!