Новите шампиони на Африка богато наградени, селекторот помина најдобро

832

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска станаа шампиони на Африка и на оваа репрезентација тоа им е трета континентална титула во историјата. Фудбалерите на оваа селекција се одликувани и наградени на претседателската церемонија во Абиџан. Секој играч добил бонус од претседателот на Републиката, Аласане Оутаре во висина од 76.000 евра и вила со идентична вредност.
БС Коска одиграа неверојатен турнир. Ги загубија првите два дуели од групната фаза, селекторот Жан-Луис Гасета доби отказ, а неговиот заменик Емерсе Фае кој ја однесе репрезентацијата до титулата доби бонус од 150.000 евра, неговите помошници ќе поделат 600.000 евра, а сите играчи и стручниот штаб се одликувани со национален орден.

ПретходноСинот на тројниот освојувач на ЛШ ќе игра за Интер Мајами
СледноСити се засили со крилото на Џирона