Ромарио тврди дека само двајца фудбалери во историјата биле подобри од него

149

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата, легендарниот Бразилец Ромарио, смета дека е подобар од многу поранешни и сегашни фудбалери, но дека двајца од него биле ниво погоре.
Ромарио играше во 90-тите кога со Бразил го освои светскиот шампионат, а ќе остане запаметен по многуте вештини во дресот на Барселона.

Тој постигна 784 гола на 1002 натпревари, со што стана еден од десетте најефикасни фудбалери на сите времиња. Тој деновиве повеќе се занимава со политика отколку со фудбал, но во подкаст зборуваше за најважната споредна работа во светот и го допре најдоброто на сите времиња.

Според него, тој е подобар од Халанд, Мбапе, Суарез, Ривалдо, Нејмар…, а на исто ниво со него се и Кристијано Роналдо, Роналдо, Меси и Роналдињо, додека призна дека и понатаму се подобри од него.

„Диего Марадона и Пеле“, изјави Ромарио

ПретходноТрагедија: На својот прв работен ден како тренер починал од срцев удар на 39 години!
СледноРомано: Анчелоти рече дека треба да се пензионира на врвот, одлуката е на Модриќ