Утринава по наше време се одиграа повеќе натпревари во НБА лигата. Секако дека во преден план беше Лука Дончиќ кој за Далас одигра фантастично и со десеттиот трипл-дабл сезонава му донесе победа на својот тим против Вашингтон од 112:104. Ова беше вкупни 66-ти трипл-дабл на Словенецот во неговата кариера.Треба да се каже дека останатиот дел од тимот на Маверикс не беше на своето ниво.
Милвоки против Денвер во „европското“ мега – дерби меѓу Јанис Адетокунбо и Никола Јокиќ поуспешен беше “ѕверот“ од Грција кој забележа 36 поени, 18 скокови и 5 асистенции. Победи Милвоки со резултат 112:95. Србинот не можеше се сам, застана на 29 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Недоволно за разиграните Бакси.
Чудесна партија на Виктор Вембањама во дресот на Сан Антонио против Торонто. Младиот центар забележа еден многу редок трипл-дабл и тоа 27 поени, 14 скокови и дури 10 блокади. На крајот тоа му донесе победа на својот тим од 122:99.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Шарлот – Индијана 111:102, Кливленд – Филаделфија 121:123, Аталанта – Чикаго 126:136, Хјустон – Њујорк 105:103, Мемфис – Њу Орлеанс 87:96, Јута – Голден Стејт 107:129, ЛА Клиперс – Минесота 100:121.