Тареми и Зелински се првите летни засилувања за Интер

265

Лидерот во италијанската Серија А, Интер веќе ги има првите играчи кога ќе се отвори летниот преоден рок. „Нероаѕурите“ веќе ги договориле Мехди Тареми и Пјотр Зелински кои ќе дојдат во јуни како слободни фудбалери, пренесуваат италијанските медиуми.
Тареми ќе стави потпис на двегодишен договор со опција за продолжување на уште една. Иранецот доаѓа од Порто, а го одбрал Интер и покрај интересот од Милан и Наполи.
Зелински веќе се договорил за тригодишна соработка со Интер со можност за продолжување на уште една и плата од околу 4 милиони евра по сезона.

ПретходноГордоста на Далмација денеска го слави својот 113-ти роденден!
СледноДијамантот со мега – интервју за “Марка“: Реал е нешто посебно, се знае дека е фаворит, но Лајпциг е тим кој секогаш оди на победа!