Данец ја доби задачата да го спасува Мајнц 05

108

Данскиот тренер Бо Хенриксен е назначен за тренер на Мајнц 05, потврдија од германскиот клуб. Договорот на тренерот е до летото 2026 година. Хенриксен до минатото лето го предводеше ФК Цирих, а доаѓа во Мајнц на местото на Јан Зиверт кој не ја задоволи управата.
49-годишниот Хенриксен е третиот тренер на Мајнц оваа сезона и има тешка задача да го спаси тимот од испаѓање. Моментално клубот е на 17 место во Бундес лигата.
Да потсетиме дека Мајнц ја почна кампањата со Бо Свенсон, па потоа дојде Зиверт и сега Хенриксен.
Дебито на новиот тренер е против Аугзбург. Мајнц е во елитната германска лига од 2009 година.

ПретходноЛајпциг-Реал: Елмас и Модриќ ги нема во стартните тимови
СледноСинот на тројниот освојувач на ЛШ ќе игра за Интер Мајами