Изненадувачки потег на Серџио Скариоло

302

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио се најде на списокот на селекторот Серџо Скариоло за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство.

Бранителот на европскиот трон објави список од 14 играчи, со уште шестмина кои исто така би можеле да добијат шанса во случај на откажување. Овде има голем број играчи од Евролигата, но исто така има многу кои недостигаат. Сепак, изненадување секако е Рики Рубио, за кого ни шпанската јавност не очекуваше да се најде на списокот, со оглед на тоа што само што се приклучи на тренинзите на Барселона и потпиша договор до крајот на сезоната, но се уште нема настап.

ПретходноЛиверпул ќе му ја исполни желбата на Ериксон кој има уште една година живот!
СледноПоради протестите на навивачите, судиите во Германија се под стрес!