Ливерпул ќе му ја исполни желбата на Ериксон кој има уште една година живот!

1708

Фудбалскиот клуб Ливерпул ќе го организира меч на своите легенди против легендите на Ајакс на 23 март на „Енфилд“ годинава.

Секоја година ги гледаме натпреварите на легендите на бројни клубови и тоа не е новост, но во овој случај очите на јавноста ќе бидат вперени во иконскиот стадион бидејќи Ливерпул покажа величина во организацијата на овој натпревар.

Имено, во своето неодамнешно обраќање до јавноста, познатиот шведски менаџер Свен Горан Ериксон објави дека боледува од неизлечива болест и дека лекарите му даваат околу една година живот. Во разговорот со медиумите тој зборуваше за своите неостварени желби а најголемата во кариерата му била еден ден да го води Ливерпул, кој му е омилен клуб.

Набргу потоа, Јирген Клоп отворено го повика да дојде во тренинг центарот и да помине еден ден со првиот тим, да ја искористи канцеларијата на германскиот специјалист и да го води тренингот како што сака. Во меѓувреме, на Ериксон ќе му се случи нешто уште поубаво.

Тој ќе биде дел од стручниот штаб на легендите на Ливерпул на мечот со Ајакс на „Енфилд“ кој ќе му го исполни сонот во последните денови од животот.

Извонреден гест на англискиот клуб и нема сомнеж дека ќе биде многу емотивен.

ПретходноЕнцо Фернандез ја има најсмешната изјава: Следната сезона сакаме да играме во ЛШ!
СледноИзненадувачки потег на Серџио Скариоло