Европскиот првак Манчестер Сити оствари висока победа на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Во Данска „граѓаните“ го совладаа Копенхаген со 3:1.
Поведе Сити во 10 минута преку Де Брујне на асистенција на Фоден. Данскиот првак изедначи во 34 минута преку Матсон, кој постигна гол на дебито во ЛШ и донесе делириум на славниот „Паркен“.
Сепак во финишот на првото полувреме Де Брујне впишува асистенција, а гол постигна Силва за ново водство на Сити.
Во вториот дел Сити играше подобро, а домашните пред се беа дефанзивно ориентирани. Во 63 минута Халанд по шут со глава ја погоди пречката, а во финишот на мечот за конечни 1:3 погоди Фоден.