Крилниот фудбалер на Џирона, Савио може да се смета за сигурно засилување на Манчестер Сити, тврди експертот за трансфери Фабрицио Романо. Според Италијанецот двете страни се договориле, па од летоска бразилскиот играч ќе се пресели на „Етихад“.
Инаку Савио е еден од клучните фудбалери на сензацијата во Ла Лига оваа сезона, а засега има седум гола и седум асистенции во 27 натпревари во сите натпреварувања.
Реално 19-годишниот Савио преминува од еден клуб, во сопственост на Сити Фудбал Груп, во друг таков, а компанијата го откупи фудбалерот од Атлетико Минеиро во летото 2022 година за 6,5 милиони евра и го испрати во Троа, а клубот летоска го испрати на позајмица во Џирона до крајот на сезоната.
Па така за само неколку недели Сити го договори второто засилување откако на крајот на јануари клубот го објави трансферот на Клаудио Ечевери од Ривер Плејт. Тој играч ќе му се приклучи на Сити во јануари 2025 година.