Ракометарите на францускиот првак со чартер лет од Париз слетаа во Охрид, а од таму со автобус пристигнаа во Битола. Денеска (18:45 часот), тимот на ПСЖ предводен од Раул Гонзалес ќе ги одмери силите со Пелистер во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони.
Во составот на францускиот тим има голем број ѕвезди, но кога станува збор за Македонија, тука во центарот на вниманието е Раул Гонзалес. Веднаш по слетувањето во Охрид, поранешниот македонски селектор и екс-тренер на Вардар, беше поздравен од вработените на аеродромот, кој не пропуштија шанса и направи селфи фотографија и подели автограм.