Според пишувањата во Шпанија, агентот кој го застапува тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, се сретнал со директорот на Барселона, Деко за да разговара за негов ангажман на „Камп Ноу“.
Италијанскиот стратег се наметна како еден од „жешките“ фаворити да го замени Чави Ернандез следната сезона, бидејќи актуелниот тренер на Каталонците веќе најави заминување.
Ханси Флик е втора опција, иако тој исто така беше поврзуван и со враќање во Баерн Минхен на крајот на сезоната, како наследник на Тухел. Агентот на Де Зерби денеска бил во Барселона и се сретнал со директорот Деко.