Американец е новото име во дресот на Тиквеш

828

Македонскиот првилигаш Тиквеш денеска донесе уште едно засилување непосредно пред продолжението на втората полуетапа од домашниот шампионат. Како што објавија од клубот, ново име во дресот на Тиквеш за пролетната полусезона е Адриен Габриел Амадио Графин.

Станува збор за млад 20-годишен центарфор. Графин е Американец кој има и француски пасош, а во Кавадарци доаѓа од редовите на Ордино од Андора, а има играно и за бразилската екипа Новохоризонте.

ПретходноТерзиќ: Треба да се урне “Маракана“ и на истото место да се изгради нов стадион!
СледноЛоша вест за Ливерпул: Трент Александер-Арнолд нема да игра во финалето на Лига Купот!