Ангеловски: Бевме подобри од дуелот со Вардар, ама разликата во квалитетот беше видлива

149

Пелистер на домашен терен вечерва не може да приреди сензација. ПСЖ ја покажа својата сила и потврди зошто е огромен фаворит против актуелниот македонски првак, од Битола си замина со победа од 25-31.

Бранислав Ангеловски по мечот беше горд на својот тим и на момците кои ги води. Тој призна дека разликата во квалитет беше видлива.

„Задоволство е да се биде тренер на овој клуб, да се води оваа група на играчи и да ја чувствувате енергијата на нашите навивачи. Искрено, на крајот се уверивме во јачината на секој поединец на ПСЖ. Би сакал кога веќе е пораз, да биде подостоен. На крајот мислам дека можеби можевме и пониско да загубиме, доста промашивме. Не знам дали е до нашата концентрација или квалитетот на противничките голмани. Во првиот дел Јаник Грин имаше десет одбрани. Со таков голман, а во второто полувреме влезе и Паличка со пет-шест, екипа која има такви поединци е тешко да се победи. Одигравме натпревар во кој сум горд на моите ракометари. Бевме подобри од дуелот со Вардар, ама разликата во квалитетот беше видлива. Посакувам само добро здравје и мислам ќе се радуваме на нови победи. Секогаш имаме ротација, секој од играчите треба да придонесе со енергија. Мило ми е што клупата е добра, сите играчи на неа со мозокот се на теренот. Јас давам шанса на секој, а до играчите е кој колку ќе биде на терен“, изјави Ангеловски.

ПретходноРоналдо го носи Ал Наср кон четвртфиналето на азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)
СледноРаул по победата во Битола: Верувам дека Пелистер ќе напредува