Фудбалската федерација на Македонија во периодот од 7 до 11 февруари во Кичево организираше заеднички семинар за фудбалски судии и судиски контролори пред самиот старт на втората полусезона од натпреварувачката 2023 – 2024 сезона.
Во првиот дел од семинарот се одржа предавање за контролорите од најновите материјали од УЕФА, како и давање насоки за новата сезона. Во наредните денови се работеше со главните и асистетнти судии, односно со мерење на висина и масно ткиво на судиите, предавања од најновите презентации со видео клипови од УЕФА, полагање на видео тест за судиите и на крај полагање на физичките норми. На семинарот се одржа и полагање на одредени судии, кои ги исполнуваат условите за стекнување со Републичка и Прва Категорија.
Стручно – едукативниот дел од семинарот започна со предавање околу измените и дополнувањата на правилата за фудбалската игра од страна на Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија. Предавањето беше спроведено од страна на Марјан Ристески, Емил Божиновски и Марјан Кировски.
Димитар Мечкаровски, претседател на судиската комисија при ФФМ
–Ние како судиската организација сме задоволни од физичката подготвеност на асистентите судии, додека не сме задовлони од физичката подготвеност на одредени судии кои произлегуваат од главната листа. Во иднина ќе треба судиите да си постават пред себе која е нивната цел и нивниот приоритет во натамошната кариера.
– Имаме големи очекувања за судиите во вториот дел од сезонава, грешките треба да се сведат на минимум, судиите да влегуваат максимално подготвени и концентрирани во натпреварите, бидејки сите нас не очекуваат многу тешки мечеви и неизвесни завршници на првенствата во Прва и Втора МФЛ.
-Судиите оваа зима, имаа одлични временски услови за физички да се подготват на највисоко можно ниво. За време на семинарот временските услови беа повеке од идеални и на судиите беше да го покажат тоа што го сработиле во текот на подготовките. Ние како судиска организација секогаш работиме според правилата и начинот на работа во тесна координација со УЕФА и другите европски организации. Како што напоменав, судиите ги добиваат најновите информации и промени околу критериумите во судењето. Исто така, за да можат да работат, добиваат и посебна програма за физичката подготовка од фитнес тренерот Сашо Даневски, кој за нив е достапен како и сите ние во секој момент, и воедно е еден од главните фитнес тренери на УЕФА.Така, судиите ги имаат сите услови од страна на фудбалската федерација, со што им преостанува само правилно да работат, да напредуваат и да се надградуваат.
-Судиската организација во изминатите две години со огромна поддршка од Претседателот на фудбалската федерација и Управниот одбор, успеа да ги донесе едни од најглавните личности што се дел од судиската организација на УЕФА (Бјорн Куиперс, Вернер Хелсен, Дагмар Дамкова и Педро Галан) кои беа ментори- предавачи, со цел нашите судии да се унапредат, да добијат уште поголем мотив да вложуваат во себе и секогаш да се стремат да бидат на врвно ниво.