Ибрахимовиќ против Србија ќе се збогува со фудбалот!

210

Златан Ибрахимовиќ на 8 јуни во Стокхолм против Србија ќе го одигра последниот меч во својата богата кариера. Ова го откри Српскиот фудбалски сојуз:

„Членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија ги верификуваа договорите за одигрување пријателски натпревари како дел од подготовките за Евро 2024 година. Ќе играме со Русија (21 март), Кипар (25 март), Австрија (4 јуни) и Шведска (8 јуни). Посебно сме импресионирани од фактот што ѕвездата на европскиот и светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ ќе се прости од активното играње на мечот во Стокхолм“, соопштија од ФСС.

Златан минатата година во јуни ја заврши играчката кариера како фудбалер на тој клуб во Милано. За четири месеци тоа ќе го направи како репрезентативец на Шведска во последниот настап како фудбалер. Ибра одигра 122 натпревари за Шведска, што е петти во историјата. Но по бројот на голови е убедливо најефикасен со 62 гола.

ПретходноБрегалница го официјализираше последното засилување
Следно„Ја чувствуваме енергијата од навивачите, пораките и коментарите кои ги добиваме се импулс за наши победи“