Трент Александер-Арнолд ќе мора да го пропушти финалето на Лига купот на Англија. Тоа е лоша вест за Јирген Клоп и фановите на Ливерпул, кои се надеваат дека „црвените“ на овој меч ќе го обезбедат првиот од посакуваните трофеи оваа сезона.
Според „Тајмс“, дефанзивецот на Ливерпул ја влошил повредата на коленото и ќе отсуствува неколку недели. Средбата со Челзи во решавачкиот натпревар од Лига купот е закажана за 25 февруари.
Александар-Арнолд беше заменет на полувремето на натпреварот од Премиер лигата против Барнли (3-1) на 10 февруари.