Францускиот првак ПСЖ со една нога зачекори кон четвртфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеше против екипата на Реал Сосиедад со 2:0.
По исклучително досадното прво полувреме во кое главните возбудувања дојдоа во последната минута кога Мерино ја погоди пречката од голот на Донарума, во вториот дел домашните притиснаа, гостите се повлекоа, и следуваа два гола во краток период.
Најпрво Мбапе искористи еден кикс на гостинската одбрана и во 58. минута погоди за предност на парижани од 1:0, а само 12 минути подоцна Баркола ја удвои предноста за домашните по асистенција на Фабијан Руиз.
ПСЖ несомнено беше подобар тим, па можеше и поубедливо да го заврши мечот во своја полза, но остави простор з аминимални шанси и на Баскијците кои ќе го очекуваат реваншот на домашен терен.