Млад Американец во нападот на Македонија ЃП

372

И екипата на Македонија ЃП донесе засилување од САД. Клубот од Ѓорче Петров денеска го престави младиот 23-годишен напаѓач Кет Ларсон како ново име во клубот во вториот дел од сезоната.

За ларсон нема многу податоци за неговите досегашни ангажмани, но се знае дека последно играл за екипата на Албион од Сан Диего. Интересно е што Ларсон потекнува од клубот Вардар од Мичиген, кој е една од најпознатите фудбалски школи и академии во овој дел на САД.

ПретходноАгентот на Де Зерби денеска бил во Барселона на средба со Деко
СледноСекоја чест за Пелистер: Браќата Карабатиќ и Пранди добија специјални подароци