Отфрлени обвиненијата против НБА ѕвездата поради кои ја пропушти минатата сезона

175

Судот во Северна Каролина „поради недостаток на докази“ ги отфрли сите три обвиненија против Мајлс Бриџис, кошаркарот на Шарлот Хорнетс, за семејно насилство во 2022 година. Поради случајот, истрагата и суспензијата, Бриџис ја пропушти целата последна сезона во НБА, а на почетокот од оваа сезона ги одлежа последните 10 натпревари од суспензијата.

Бриџис беше обвинет дека физички ја нападнал и повредил својата партнерка во јуни 2022 година, пред очите на нивните две деца. Во ноември истата година, тој се согласи на тригодишна условна казна и избегна затвор, но не му беше дозволено да игра, а НБА формално го суспендираше на 30 натпревари.

Откако му истече суспензијата, Бриџис има сезона во кариерата со 21,6 поени и 7,2 скока, а минатата недела врза два натпревари на кои постигна 41 и 45 поени. Договорот на 25-годишниот кошаркар истекува на крајот од сезоната, а прашање е каков интерес ќе добие од НБА клубовите, со оглед на комбинацијата на несомнен играчка талент и проблематично однесување.

ПретходноТухел сфатил дека веќе е екс во Баерн, па ги понудил своите услуги на друг великан
СледноБрегалница го официјализираше последното засилување