Кошаркарот на ЛА Клиперс, Пи Џеј Такер, привремено го напушти тимот. Веста ја потврди инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија.
Според информацијата, Пи Џеј Такер имал намера да го „рестартира умот“ пред одлучувачкиот период од сезоната. Се очекува тој да се врати во тимот на ЛА клиперс по Ол-стар паузата.
Такер оваа сезона за Клиперс имаше просек од 1,2 поени и 2,4 скока по натпревар.