Денеска Брера Струмица се пофали со уште едно ново име. Тоа е Илјаз Чилјафи (25) кој дојде во Струмица од таборот на Детонит Плачковица. Игра на позицијата лев бек а во есенскиот дел беше еден од најдобрите поединци во второлигашот од Радовиш.
“Ми претставува вистинско задоволство што ќе бидам дел од тимот на Брера Струмица. Добро сум прифатен од сите во клубот и веќе се приклучив во тренажниот процес на мојот нов тим. Се надевам дека ќе добијам шанса да ги искажам своите квалитети“ рече покрај другото Чилјафи.