Раул по победата во Битола: Верувам дека Пелистер ќе напредува

532

Ако некој знае во каква атмосфера игра Пелистер од таборот на ПСЖ тоа е Раул Гонзалес. Поранешниот македонски селектор и предводник на Вардар по победата во Битола потенцира дека тој и неговите момци се среќни за победата.

Иако македонскиот првак го запиша 11. пораз, сепак шпанскиот стратег во овој проект на Пелистер гледа добра иднина и голем напредок, особено во европски рамки.

„Среќни сме бидејќи знаеме дека колку е тешко да се игра во оваа сала. Го искористивме нашиот контра напад и направивме добри работи на овој тежок терен. Јас верувам дека пелистерци чекор по чекор ќе напредуваат и им посакувам многу среќа“, изјави Гонзалез.

ПретходноАнгеловски: Бевме подобри од дуелот со Вардар, ама разликата во квалитетот беше видлива
СледноНадал го откажа настапот во Доха: Не сум подготвен за кам-бек!