Не е тајна дека Луис Назарио Да Лима Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот, во времето кога беше дел од Реал Мадрид, од “Галалтикоси“ и не живеел така спортски.
Често се случувало по цели ноќи да биде присутен на разни забави и да биде гостин на ноќни барови за да потоа директно оди на тренинзи.
Флорентино Перез, кој и тогаш беше прв човек на “кралевите“ бил многу гневен, па во една прилика му кажал дека треба да го следи примерот на неговиот колега Луис Фиго.
Познато е дека Португалецот водел спортски живот како вистински професионалец и е во долгогодишен брак со преубавата Хелен Сведин.
На ова Роналдо му вратил на Перез со зборовите:
„Претседателе, и јас да имам таква жена сигурно е дека нема да излегувам од дома“.
Овие зборови го запрепастиле првиот човек на Реал Мадрид по што веќе немал нерви да се занимава со приватниот живот на Роналдо.