Чаирчани повторно ќе имаат силен тим: Ова се сите осум нови играчи на Шкупи!

846

И дефинитивно Шкупи не се шегува. Во зимскиот преоден рок тимот од Чаир успеа да донесе дури девет засилувања, но Клемент Ансах веднаш го прати на позајмица во Турција.

Па така за пролетниот дел тренерот Младен Жижовиќ доби осум нови играчи кои му се ставени на располагање во битката за титулата против Струга ТЛ и Шкендија.

Тоа се Дарко Додев (Влазнија), Џемал Ибиши (Тиквеш), Јоан Симун Едмундсон (Ф. Острови), повратникот Абдул Руватибјае (Руанда), Емануел Аворно (Гана), Виктор Дамасчено де Оливеира (Бразил), Бесар Гуџуфи (Бешикташ), Емануел Лонге Гронер (Норвешка).

Сепак ќе видиме како тоа ќе изгледа, ако се знае дека Шкупи го напуштија Куевен, Абази, Кука, Хоџиќ…

ПретходноЛоша вест за Ливерпул: Трент Александер-Арнолд нема да игра во финалето на Лига Купот!
СледноАгентот на Де Зерби денеска бил во Барселона на средба со Деко