Агентот на Де Зерби денеска бил во Барселона на средба со Деко

266

Според пишувањата во Шпанија, агентот кој го застапува тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, се сретнал со директорот на Барселона, Деко за да разговара за негов ангажман на „Камп Ноу“.

Италијанскиот стратег се наметна како еден од „жешките“ фаворити да го замени Чави Ернандез следната сезона, бидејќи актуелниот тренер на Каталонците веќе најави заминување.

Ханси Флик е втора опција, иако тој исто така беше поврзуван и со враќање во Баерн Минхен на крајот на сезоната, како наследник на Тухел. Агентот на Де Зерби денеска бил во Барселона и се сретнал со директорот Деко.

ПретходноЧаирчани повторно ќе имаат силен тим: Ова се сите осум нови играчи на Шкупи!
СледноМлад Американец во нападот на Македонија ЃП