Анчелоти го коментираше поништениот гол на Лајпциг

1172

Реал Мадрид го победи Лајпциг со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите со одличниот гол на Дијаз и сигурно е на добар пат да ја продолжи борбата за трофејот во своето омилено натпреварување.

Реал беше фаворит, но во Германија работеше навистина напорно, а сега на големо се зборува за поништениот гол за Лајпциг. За тоа се огласи и тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти.

„Ни беше тешко, така е. Така е овде. Почетокот на првото и второто полувреме беше тешко за двете екипи, добро се браневме и покрај проблемите. Бевме опасни во транзицијата, можевме да постигнеме повеќе голови, но можевме да примиме, тоа е вистина. Лунин одигра одличен натпревар, најдобар натпревар. Играњето му дава самодоверба“, изјави Анчелоти веднаш по крајот на играта.

Италијанскиот стручњак го коментираше и поништениот гол на Бенјамин Шешко во третата минута. смета дека одлуката е добра.

„Го видов тоа, беше во офсајд“, изјави Анчелоти и на шега додаде дека стои зад голманот.

Според него, ништо не е решено. „Тоа е мала предност, никој овде немаше идеја да го заврши натпреварот. Тоа е добар резултат, но остануваат уште 90 минути на нашиот стадион и нема да биде лесно“, додаде Анчелоти.

ПретходноЛШ: Европскиот првак носи висока предност од Копенхаген
СледноРаул Гонзалес е најголема ѕвезда од сите во ПСЖ (ФОТО)