ЛШ: Мбапе и компанија со два гола предност одат во Баскија (ВИДЕО)

187

Францускиот првак ПСЖ со една нога зачекори кон четвртфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеше против екипата на Реал Сосиедад со 2:0.

По исклучително досадното прво полувреме во кое главните возбудувања дојдоа во последната минута кога Мерино ја погоди пречката од голот на Донарума, во вториот дел домашните притиснаа, гостите се повлекоа, и следуваа два гола во краток период.

Најпрво Мбапе искористи еден кикс на гостинската одбрана и во 58. минута погоди за предност на парижани од 1:0, а само 12 минути подоцна Баркола ја удвои предноста за домашните по асистенција на Фабијан Руиз.

ПСЖ несомнено беше подобар тим, па можеше и поубедливо да го заврши мечот во своја полза, но остави простор з аминимални шанси и на Баскијците кои ќе го очекуваат реваншот на домашен терен.

ПретходноЛШ: Имобиле со гол од пенал за минимален триумф на Лацио против Баерн (ВИДЕО)
СледноСакраменто се врати од минус 16 и повторно го победи Денвер