Некогашниот светски рекет бр.1, Шпанецот Рафаел Надал, вечерва потврди дека ќе го одложи враќањето на терените.
Шпанскиот тенисер беше пријавен за настап на турнирот во Доха следната недела, но според последните информации тој го откажа настапот.
И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал почувствувал непријатност во пределот на колкот.
„Би сакал да играм во Доха, пред неверојатните катарски навивачи кои секогаш ме поддржуваа. За жал, не сум подготвен да се натпреварувам и нема да можам да дојдам во Доха. Ќе се фокусирам на понатамошната работа за да бидам подготвен за Лас Вегас и неверојатниот турнир во Индијан Велс“, напиша Надал на социјалните мрежи.