Потврдено: Брентфорд си купи напаѓач од Бриж

251

Брентфорд го комплетираше трансферот на напаѓачот Игор Тиаго од Клуб Бриж.

Тиаго стави потпис на петгодишен договор со „пчелите“, а клубот ја задржува опцијата да го продолжи неговиот договор за дополнителни 12 месеци. Тој ќе остане во Клуб Бриж до крајот на сезоната 2023/24 и ќе им се приклучи на Брентфорд на 1 јули.

Тиаго (22) ја започна својата професионална кариера во родниот Бразил со Крузеиро. Во март 2022 година се пресели во Европа за да потпише за бугарскиот шампион Лудогорец, а во Клуб Бриж стигна во јуни 2023 година.

ПретходноБарселона на „крилата“ на Нилсен, драма во Полска без победник!
СледноЛШ: Имобиле со гол од пенал за минимален триумф на Лацио против Баерн (ВИДЕО)