Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од денеска има нов тренер во Рајо Ваљекано. Како што објави официјално клубот од Ла Лига, шеф на струката ќе биде Ињиго Перез, кој ова ќе му биде прва работа како шеф на стручен штаб, досега бил само асистент.
Инаку вчера, очекувано, раководството на Рајо се раздели до досегашниот тренер Франциско Родригез.