И дефинитивно раководството на Ц. Звезда нема намера да се сели на другиот крај во Белград. Ова го кажа првиот човек на клубот Ѕвездан Терзиќ, кој ги демантираше шпекулациите дека ќе се градело нов стадион во близина на аеродромот “Никола Тесла“.
“Не, тоа не е точно. Ние имаме намера на таа локација да изградиме модерен тренинг – центар. Што се однесува до `Маракана` нашите желби се да се урне сегашниот стадион и на негово место да се изгради нов, модерен. Вака веќе не оди. Сите што ги модернизираа своите стадиони приходот го зголемија по неколку пати. Еве на пример АЕК од својот нов стадион кој е со капацитет од 32.000 места сега има приход од 22 милиони евра само од влезници, додека ние имаме само пет милиони годишно“ посочи Терзиќ.